Формиран првиот Бизнис Лидерски Форум во Македонија

Bez autora
May 26 2010

Неколку успешни претпријатија, денеска формираа Бизнис Лидерски Форум (БЛФ), со потпишување на меморандум за разбирање со кој што доброволно се согласуваат да интегрираат сет од социјални, етички и еколошки принципи за водење на бизнисот. Целта е да се поттикне развојот на бизнисот и зголемување на профитот. Евроамбасадорот Ерван Фуере на отварањето на Форумот изјави дека овој начин на партнерство е особено важен за иднината на претпријатијата, како и за Македонија и нејзината цел за интеграција во Европската унија и реформите што и се потребни за економски просперитет и економска стабилност. Овие реформи можат да се постигнат само доколку постои дух на партнерство и консензус меѓу компаниите се разбира со помош од Владата бидејќи таа ги носи одлуките заедно со Собранието. На овој начин се постигнува општествена одговорност на компаниите кон своите вработени, клиентите и маркетингот, воведување антикорупциски мерки и еколошки услови за корисниците и добавувачите.

Формиран првиот Бизнис Лидерски Форум во МакедонијаНеколку успешни претпријатија, денеска формираа Бизнис Лидерски Форум (БЛФ), со потпишување на меморандум за разбирање со кој што доброволно се согласуваат да интегрираат сет од социјални, етички и еколошки принципи за водење на бизнисот.

Целта е да се поттикне развојот на бизнисот и зголемување на профитот.

Евроамбасадорот Ерван Фуере на отварањето на Форумот изјави дека овој начин на партнерство е особено важен за иднината на претпријатијата, како и за Македонија и нејзината цел за интеграција во Европската унија и реформите што и се потребни  за  економски просперитет и економска стабилност. Овие реформи можат да се постигнат само доколку постои дух на партнерство и консензус меѓу компаниите се разбира со помош од Владата  бидејќи таа ги носи одлуките заедно со Собранието.

На овој начин се постигнува општествена одговорност на компаниите кон своите вработени, клиентите и маркетингот, воведување антикорупциски мерки и еколошки услови за корисниците и добавувачите.

БЛФ платформата ги здружува малите, средни и големи претпријатија секое заинтересирано претпријатие може да аплицира за да биде дел од Бизнис Форумот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik